Дома Фудбал Мареска се откажа од еден од најскапите играчи досега: Не мислам дека ни недостасува

Мареска се откажа од еден од најскапите играчи досега: Не мислам дека ни недостасува

Лондонскиот гигант Челси оваа сезона долго време беше прв придружник на водечкиот Ливерпул во Премиер лигата. Екипата на Енцо Мареска потоа малку подзастана, но сè уште е кандидат за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Во тоа можеби ќе им помогне и фактот дека испаднаа од ФА Купот од Брајтон, па сега ќе се концентрираат на едно натпреварување помалку.

Медиумите во Англија ја критикуваа одлуката на Мареска да се откаже од португалскиот офанзивец Жоао Феликс (25) на крајот од зимскиот трансфер период, кој клубот минатото лето го плати 52 милиони евра. Феликс беше испратен на позајмица во Милан, но Мареска на последната прес-конференција изјави дека смета дека го направил вистинскиот потег:


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


“Не мислам дека ни недостасува Жоао. Жоао таму е среќен и ние сме среќни што тој е среќен. Имавме две повреди кај напаѓачите на денот на затворањето на трансфер периодот, тоа е нешто за што е тешко да се размислува. Нико [Џексон] би можел да се врати многу брзо.”

Атлетико го плати 127 милиони евра

Милан и Челси договорија позајмица на Феликс до крајот на сезоната. Моментално осмата екипа на италијанската Серија А за услугите на Португалецот плати 5.5 милиони евра, а Милан нема право на откуп на договорот на крајот од периодот на позајмицата и во следните месеци ќе ја покрива платата на португалскиот фудбалер.

Професионалната кариера Жоао Феликс ја започна во Бенфика и во 2019 година со голем трансфер се пресели во мадридскиот Атлетико. Тој трансфер чинеше 127 милиони евра, што го прави Феликс петтиот најскап фудбалер досега. Од него поскапи биле само Осман Дембеле, Филипе Кутињо, Килијан Мбапе и Нејмар.

Како играч на Атлетико потоа бeше на позајмица во Челси и Барселона, па направи трансфер во Челси минатата година и во само 14 лигашки настапи постигнал еден гол. Во кариерата Жоао Феликс запиша 45 настапи за португалската репрезентација со девет постигнати голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона повторно со неочекуван прилив на пари, од Бразил добива дури 24.000.000?

Напаѓачот на Барселона, на позајмица во Бетис, Витор Роке, би можел до крајот на февруари …