Дома Фудбал Манчестер сити ја одреди цената за Грилиш!

Манчестер сити ја одреди цената за Грилиш!

Манчестер Сити ја игра најлошата сезона откако пред девет години Пеп Гвардиола ја презеде клупата.

Во моментов се наоѓаат на петото место во англиската Премиер лига, со два бода помалку од Нотингем Форест и дури 21 бод зад водечкиот Ливерпул. Единствена надеж за трофеј им останува ФА Купот, каде во полуфиналето ги чека токму Форест.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веќе се шпекулира за голем број заминувања од клубот на крајот од сезоната, а еден од првите на листата за заминување е Џек Грилиш. Играчот за врска во Сити пристигна летото 2021 година од Астон Вила за дури 118 милиони евра, што го прави најскап играч во историјата на клубот.

Според пишувањата на британските медиуми, три клуба се истакнуваат како најверојатни нови дестинации за Грилиш – Тотенхем, Њукасл и неговиот поранешен клуб Астон Вила.

Порталот Трансфермаркт моментално ја проценува неговата вредност на 35 милиони евра, што е приближна бројка за која се пишува во тамошните медиуми. Тоа значи дека Сити би можел да го продаде Грилиш за трипати помал износ од оној за кој го доведоа.

Од пристигнувањето во Сити, Грилиш одигра вкупно 155 натпревари, постигна 17 гола и забележа 23 асистенции во сите натпреварувања. Во сезоната 2024/25 настапи во 19 првенствени натпревари, постигна еден гол и додаде една асистенција.

Фото: Manchester City
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатна грешка во Лигата на шампионите. Погледнете како Ренџерс прими гол

Клуб Бриж оствари значаен чекор кон главната фаза од Лигата на шампионите, откако во првио…