Дома Фудбал Манчестер сити долго време се мачеше, прими и гол од половина терен, но не дозволи сензација! (Видео)

Манчестер сити долго време се мачеше, прими и гол од половина терен, но не дозволи сензација! (Видео)

Се намачија избраниците на Пеп Гвардиола во натпреварот против третолигашот Лејтон Ориент, но на крајот се радуваа на победа со резултат 1:2.

Први до водство стигнаа домаќините и тоа со гол од половина терен. Шутираше домашниот фудбалер од огромна далечина, а топката од пречката го погоди голманот Ортега во грбот и заврши во мрежата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Водството на домаќините беше актуелно се до 56. минута кога по ударот на Рико Луис, Хусанов го измени правецот на движење на топката и го измамаи противничкиот чувар на мрежата.

Голот со кој „граѓаните“ стигнаа до победа и следна фаза во ФА Купот го постигна Кевин Де Брујн на десетина минути пред крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп: Му препорачувам на Реал да биде реалистичен, шансите да го донесе Пеп не се баш големи

Јирген Клоп се осврна на отказот на Чаби Алонсо од клупата на Реал Мадрид, како и на гласи…