
Во рамките на ФА Купот, Манчестер Сити го прегази нисколигашот Ексетер со резултат од 10:1, а меѓу стрелците се запиша и скапо платениот Антоан Семењо.
Првото полувреме заврши со убедливо водство од 4:0, од кои погодоците ги постигнаа Макс Алејна, Родри и два автоголови од Џејк Доил-Хејс и Џек Фицвотер.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сити не запре во второто полувреме и продолжи да ја полни мрежата на Ексетер, зголемувајќи ја својата самодоверба пред продолжението на англиската Премиер лига.
Покрај тоа, головите за Граѓаните постигнаа и Рико Луис, споменатиот Антоан Семењо, Тијани Рејндерс, Нико О’Рајли и младиот Рајан МекАидо со својот деветти гол на натпреварот. Конечниот резултат го постави 19-годишниот Џорџ Бирч од Ексетер.
Семењо ДЕБИТАНТСКИ гол!!! pic.twitter.com/n0dpdf1SYu
— ⚡️🇧🇼 (@Priceless_MCI) 10 јануари, 2026