Дома Фудбал Манчестер јунајтед сака нов напаѓач, Аморим има две опции – навивачите би биле среќни и со една од нив!

Манчестер јунајтед сака нов напаѓач, Аморим има две опции – навивачите би биле среќни и со една од нив!

Оли Ваткинс од Астон Вила и Бенџамин Шешко од Лајпциг се на врвот на листата на желби на Манчестер Јунајтед, ако клубот реши да ангажира нов напаѓач во текот на летниот трансфер период.

Меѓу раководството на Јунајтед владее согласност дека, ако се планира доведување на нов играч, клубот мора да се ослободи од оние кои не се дел од плановите, што можеби нема да се реализира до крајот на трансфер периодот на 1 септември, пренесе Би-Би-Си.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Шешко и Ваткинс ја предводат листата, но управата нема да има лесна задача да ги доведе. Астон Вила нема намера да го продаде Ваткинс и бара 60 милиони фунти за него, што во Јунајтед го сметаат за превисока сума. Неговиот договор со Вила трае до 2028 година.

Шешко привлекува интерес од бројни европски клубови, меѓу кои и Њукасл, бидејќи се очекува напаѓачот Александар Исак да го напушти Сент Џејмс Парк. Шешко минатата сезона забележа 13 погодоци во Бундеслигата.

Во моментов, првата опција за позицијата напаѓач за тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, е Расмус Хојлунд, кој минатата сезона постигна десет голови во 52 натпревари.

Аморим го пофали неговиот настап во победата над Вест Хем (2:1) во саботата во Њу Џерси, но данскиот напаѓач не успеа да погоди во двата претсезонски натпревара во САД.

Ова лето на Олд Трафорд пристигнаа тројца нови играчи: Матеус Куња, БрајанМбуемо и Диего Леон, за околу 130 милиони фунти.

Аморим изминатата седмица изјави дека сака да носи играчи со искуство во Премиер лигата.

Минатата недела, од тимот замина Маркус Рашфорд на позајмица во Барселона, а од составот за претсезонската турнеја беа изоставени Алехандро Гарначо, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Малачиа, бидејќи Аморим не смета на нив.

Португалскиот тренер неодамна нагласи дека клубот нема да ги продава своите играчи евтино и дека ќе ги врати во тимот ако биде потребно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшно лето за Атлетико: Потрошија 200 милиони евра на осум засилувања!

Додека сите зборуваат за импресивната сезона на Барселона и револуцијата на Реал Мадрид по…