
Саутемптон би можел повторно да направи мега трансфер, а се работи за 19-годишниот крилен играч Тајлер Диблинг кој би можел да тргне по стапките на Вирџил ван Дајк, Ромео Лавија, Садио Мане…
Талентираниот фудбалер на Саутемптон би можел веќе ова лето да стане новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Имено, Црвените ѓаволи се заинтересирани за доведување на англискиот У21 репрезентативец, но проблем може да биде сумата што Саутемптон ја бара за него.
Раководителите на Саутемптон не би го дале Диблинг под 120 милиони евра, бидејќи сметаат дека тој е еден од најталентираните играчи во светот.
Ако Јунајтед се согласи да даде толку многу пари, тоа ќе биде најскапиот трансфер на Саутемптон во историјата. Сегашниот рекорд го држи Ван Дајк кој во јануари 2018 година премина во Ливерпул за 85 милиони евра.