Дома Фудбал Манчестер Јунајтед планира натпревари во Азија веднаш по завршувањето на сезоната во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед планира натпревари во Азија веднаш по завршувањето на сезоната во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед планира да одигра два натпревари во Азија веднаш по завршувањето на сезоната во Премиер лигата во мај. По завршувањето на минатата кампања, Тотенхем и Њукасл патуваа за Австралија, за да одиграат пријателски натпревар меѓусебно само три дена по последните нивни натпревари во Високата лига, што беше критикувано од многу аналитичари за ова дополнително оптоварување кое го предизвикаа на веќе изморените играчи по долгата сезона. Сега оптоварувањето е уште посериозно поради поголемиот формат на Лигата на шампиони и поради новото Светско клупско првенство.

Јунајтед, сепак, и понатаму бара начини за зголемување на приходите, откако клубот забележа загуби од над 300 милиони фунти во последните пет години. Токму поради тоа, новото раководство примени многу непопуларни мерки за намалување на трошоците, како и оваа недела кога од „Олд Трафорд“ беше објавено дека поради тоа ќе се отпуштат уште околу 200 вработени.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Сигурно е дека клубот ќе го направи своето традиционално претсезонско турне во САД, но освен тоа се предвидуваат и тие два натпревари во Азија уште во мај. Веројатно тоа ќе се случи во неделата меѓу 25 мај, кога е последниот натпревар во Премиер лига против Астон Вила, и 31 мај, кога е финалето во Лигата на шампиони.

Сè уште не е јасно во која земја и против кои противници ќе бидат овие натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд го сруши Тотенхем, Јунајтед едвај против Ипсвич

Манчестер Сити се избори за победа на гости против Тотенхем, додека Јунајтед едвај го совл…