Дома Фудбал Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играч на Борусија Дортмунд

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играч на Борусија Дортмунд

Манчестер Јунајтед покажува интерес за 24-годишниот Феликс Нмеча, играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, пренесува германското издание “Билд”. Англискиот клуб е подготвен да плати околу 48 милиони евра за фудбалерот. Прашање е дали финалистот од последното издание на Лигата на шампионите би бил задоволен од таква сума.

Според “Билд”, можноста за неучество на “жолто-црните” во Лигата на шампионите во следната сезона може да го натера клубот да направи некои продажби, од кое би можел да профитира 20-кратниот шампион на Англија.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Нмеча, кој моментално се опоравува од повреда, веќе не чувствува болки, но следниот натпревар на Борусија – против Мајнц на 30 март, доаѓа премногу рано за да може да биде вклучен во играта.

Се очекува германскиот репрезентативец да се врати на теренот во наредните седмици за натпреварите со Фрајбург, Барселона и Баерн (Минхен).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хојлунд прослави во стилот на Роналдо: Тоа беше за мојот идол, не сакав да го тролам (Видео)

Данска синоќа славеше со минимална победа против селекцијата на Португалија во првиот натп…