Дома Фудбал Maнчестер јунајтед е на потег: Пристигнала првата понуда за Гарначо!

Maнчестер јунајтед е на потег: Пристигнала првата понуда за Гарначо!

Аргентинскиот фудбалер Алехандро Гарначо не е баш по „мерка“ на Рубен Аморим, изгледа дека Тен Хаг повеќе го ценеше и очекуваше повеќе од овој крилен играч.

Поради тоа, медиумите споменуваат можност за промена на средината на Гарначо.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Наполи е заинтересиран за неговите услуги и веќе се пишуваше на оваа тема.. Антонио Конте го посакува во својот тим како замена за Кварацкелија кој е блиску до заминување во Пари Сен Жермен, но Манчестер Јунајтед ќе бара сериозни пари.

Според извештаите на италијанските медиуми, првата понуда на Наполи изнесувала 45 милиони евра, што Јунајтед ја одбил.

За Наполи да започне преговори со играчот, неопходно е да плати најмалку 60 милиони евра за овој фудбалер.

По оваа цена, можно е Наполи да се сврти кон други опции…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова страшна трагедија ја погоди Португалија: Голман се удави додека пливал со својата девојка!

Португалската фудбалска јавност сè уште е потресена од смртта на двајцата професионални фу…