Дома Фудбал Манчестер јунајтед доби неочекувана понуда од 70 милиони евра, Аморим веднаш ја прифати

Манчестер јунајтед доби неочекувана понуда од 70 милиони евра, Аморим веднаш ја прифати

Според странските медиуми, на адресата на Манчестер Јунајтед пристигнала изненадувачка понуда во висина од 70 милиони евра за еден играч, со што клубот би заработил многу за следниот трансфер период.

Маркус Рашфорд ќе биде продаден откако ќе се врати од позајмица од Астон Вила, а клубот ова лето би требало да го напуштат и Коби Мејну, како и Алехандро Гарначо.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Додека се чекаат некои понуди за нив, на адресата на Манчестер Јунајтед пристигнала голема понуда за играчот за кого тоа не се очекуваше.

Станува збор за крилниот напаѓач Антони кој повторно игра извонреден фудбал во Реал Бетис, каде што е на позајмица од Манчестер Јунајтед.

Бразилецот пристигна во Манчестер Јунајтед за околу 100 милиони евра од Ајакс во 2022 година, но се мачеше да заигра во овој клуб.

Фото: Manchester United/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шест засилувања од 200 милиони не се доволни: Артета носи уште еден фудбалер во борба за титулата

Повеќе од две децении без титула, три последователни втори места, Арсенал секако како глав…