Дома Фудбал МакКени се договори со Јувентус за нов договор

МакКени се договори со Јувентус за нов договор

Вестон МакКени постигнал договор со Јувентус за продолжување на неговиот договор со подобрени лични услови за Американецот. Неговиот тековен договор истекуваше на крајот на оваа сезона, но според “Газета дело Спорт” новиот договор ќе биде до летото 2030 година.

Според информациите, МакКени ќе добие малку повеќе од 4 милиони евра со бонусите за првата година од новиот договор, а секоја следна година ќе му носи мало зголемување на платата.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Поради напорната недела во која Јувентус има важни натпревари со Галатасарај и Рома, клубот ќе го одложи официјалното потврдување на новиот договор за деновите по натпреварот со “волците”.

Со ова, клубот ќе врзе уште еден клучен играч на долг рок, откако пред неколку недели Кенан Јилдиз го преподпиша договорот, станувајќи еден од најплатените фудбалери на Јувентус.

МакКени пристигна во Јувентус пред речиси шест години и досега има одиграно 217 натпревари и постигнато 25 голови за “бјанконерите”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите во светот – Барселонина бомба или само пуста желба?

Барселона има големи летни планови, без разлика кој ќе биде новиот претседател, а најголем…