Дома Фудбал Македонските фудбалерки поразени од Азербејџан во Баку

Македонските фудбалерки поразени од Азербејџан во Баку

Македонската женска фудбалска репрезентација со пораз ги отвори квалификациите од Лига Ц за пласман на Светското првенство, откако на гостувањето во Баку загуби од Азербејџан со 2-0.

Избраничките на селекторот имаа свои моменти во првото полувреме, кога се заканија преку Александра Марковска и Симона Мејер, но недостасуваше завршница за да се промени резултатот. Промашувањата беа казнети во 28. минута, кога Јафарзаде ја искористи една од шансите на домаќинот и донесе предност од 1-0.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во продолжението Македонија се обиде да се врати во игра, но Азербејџан успеа повторно да ја затресе мрежата. Во 78. минута Јафарзаде по вторпат се запиша во листата на стрелци, поставувајќи ги конечните 2-0.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eдна ѕвезда на Реал посебно се критикува: Беше ужасен!

Познатиот шпански фудбалски аналитичар, Хулио Малдонадо, не успеа да го прикрие своето раз…