Дома Other Македонија стана европски шампион во Дота 2

Македонија стана европски шампион во Дота 2

Македонската репрезентација постигна историски успех и се закити со титулата европски шампион во Дота 2 на Европското е-спорт првенство! Нашите е-спорт херои денеска триумфираа во финалето против селекцијата на Белорусија со резултат 2-1, со што официјално го освоија првото место на континентот во оваа популарна мултиплеер видео-игра.

Од самиот почеток на турнирот, македонскиот тим покажуваше врвна форма и непоколеблива посветеност. Во групната фаза забележаа дури четири победи без ниту еден пораз, навестувајќи дека имаат сериозни амбиции за титулата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Патот кон златото продолжи со доминантен настап и во елиминациската фаза. Во полуфиналето, Македонија ја совлада Романија со убедливи 2-0, а во финалниот дуел со Белорусија, македонските гејмери повторно блеснаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Other

Проверете

Натпреварувачка во пикадо одби да игра: Нема да играм против маж во тело на жена

Дета Хедман, 65-годишна играчка на пикадо, реши да се повлече од турнирот PDC Women’s Seri…