Дома Фудбал Останато Македонија со победа го стартуваше настапот на Дејвис купот!

Македонија со победа го стартуваше настапот на Дејвис купот!

Репрезентацијата на Македонија со победа стартуваше на годинашново издание од Третата Европска група од Дејвис купот. Во вториот сингл меч Стефан Мицов донесе втор поен за нашиот национален тим и со тоа победа во првото коло за Македонија. Мицов по 2 часа и 30 минути игра го совлада Алекс Де Габриеле со 2-1 во сетови (46 60 76(3)).

Во првиот сет се водеше голема борба и по 3:2 во гемови во шестиот гем беа одиграни 20 поени, а Мицов не реализираше две брејк топки. Потоа во следниот гем на сервис на ривалот не искористи три брејк топки и во деветтиот гем Де Габриеле успеа да направи брејк и со тоа да поведе со 5:4 и сетот го заврши со 6:4. Во вториот сет Мицов имаше целосна контрола. Во овој сет при обид да врати една топка Де Габриеле се повреди и откако му беше укажана лекарска помош го продолжи мечот, но тешко се движеше. Мицов сетот го заврши без загубен гем со 6:0.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Во решвачкиот сет Де Габриеле се врати и во третиот гем направи брејк за водство од 2:1, но Мицов во следниот гем имаше ри-брејк за 2:2. До крајот на сетот немаше брејкови и мечот беше решен во тај брејк. Мицов одигра одлично и го доби со 7:3 на поени.

Македонија ја победи Малта, а во мечот во двојки ќе играат: Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ кај Македонија, додека кај Малта на местото на Де Габриеле ќе настапи Стархиња Ѓукиќ со Лиам Деликата

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Има кислород со себе“: Спасувачите не се откажуваат од бившата шампионка по тешкиот пад – продолжува мисијата!

Поранешната германска биатлонка Лаура Далмаер, двократна олимписка шампионка од 2018 годин…