
Според повеќе извори, Русија разгледува идеја следното лето да организира свое паралелно Светско првенство, на кое би настапиле репрезентации што не успеале да обезбедат билет за официјалниот Мундијал во САД, Канада и Мексико.
Неофицијално, Москва сака да креира натпреварување што би наликувало на вистинското Светско првенство, со јасна политичко-спортска цел: да изврши притисок врз ФИФА за укинување на санкциите и враќање на Русија во меѓународните натпреварувања.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Како потенцијални учесници се споменуваат Русија, Србија, Грција, Чиле, Перу, Венецуела, Нигерија, Камерун, Кина и уште неколку селекции. Доколку Македонија не успее да мине преку мартовскиот бараж, можно е да биде меѓу репрезентациите кои би добиле покана.
Сепак, ваков проект тешко дека би се реализирал. Притисокот од ФИФА и УЕФА кон националните федерации што би се осмелиле да учествуваат би бил огромен, а ризикот – премногу висок.