
Македонската фудбалска репрезентација во четврток ја очекува тежок предизвик – полуфиналниот бараж против Данска во Копенхаген, каде избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе играат во жешка атмосфера.
Од Данската фудбалска федерација потврдија дека „Паркен“ е целосно распродаден за овој натпревар, што значи дека околу 37.000 домашни навивачи ќе создадат силна поддршка за својата репрезентација.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Сè е подготвено за голем фудбалски спектакл на „Паркен“, каде Данска пред полни трибини ќе ја пречека Македонија“, информираа од федерацијата.
За македонските навивачи се предвидени околу 1.000 билети, па и покрај доминацијата на домашната публика, „црвено-жолтите“ ќе имаат и своја поддршка од трибините.
Победникот од оваа пресметка ќе обезбеди пласман во финалето од баражот, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Ирска и Чешка.