Дома Фудбал Македонија доби тешка група во Лигата на Нации!

Македонија доби тешка група во Лигата на Нации!

Денеска во Брисел беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на Нации во која Македонија за првпат од формирањето на ова натпреварување ќе игра во Лига „Б“ што е напредок во однос на претходната сезона во која се натпреварувавме еден ранг подоле.

Ждрепката ја дочекавме од четвртиот шешир каде што беа уште селекциите на: Шведска, Северна Ирска и Косово, тоа значеше дека со овие три репрезентации не можеме да играме во групата. Топчињата сакаа Македонија да добие тешка група со селекциите на: Шкотска, Швајцарија и Словенија

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новата сезона во Лигата на нации ќе стартува на 24 септември и ќе трае до 17 ноември, кога ќе се одиграат последните натпревари од групната фаза. Во септември, октомври и ноември се предвидени по две кола месечно. Четвртфиналните пресметки и плејофот ќе се играат од 25 до 30 март 2027 година, завршниот турнир во А-лигата е закажан од 9 до 13 јуни 2027, додека баражот за Европското првенство ќе се одржи од 23 до 28 март 2028 година

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Немир во соблекувалната на Реал Мадрид: Уште еден фудбалер е незадоволен

Немирите во соблекувалната на Реал Мадрид продолжуваат. По неизвесноста околу иднината на …