Фудбалската репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога и славеше победа од 3:0 на гостувањето во Вадуц против Лихтенштајн.
Избраниците на Милевски ја имаа контролата над натпреварот од самиот почеток, а до водство стигнаа уште во седмата минута кога Александар Трајковски го отвори резултат по асистенцијата на Бојан Миовски.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Продолжи Македонија со сигурната игра и не му дозволуваше многу прилики на противникот за во финишот од првиот дел и да ја зголемиме предноста. Стрелец по еден корнер беше дефанзивецот Висар Муслиу.
Слична слика на теренот гледавме и во второто полувреме, Македонија не дозволуваше домаќинот сериозно да се закани и повремено создаваше прилики за гол.
Една таква во 84. минута искористи Бојан Миовски за конечни 3:0.
Натпреварот помина во знакот на жртвите во трагедијата во Кочани, а публиката во 59. минута со аплауз симболично оддаде почит на загинатите.
Исто така фудбалерите пред почетокот на натпреварот на загрвањето излегоа со маици на кој беше испишано името на градот и датумот кога се случи трагедијата.