МЗТ Скопје беше „прегазен“ на гостувањето кај Партизан во рамки на 15.коло во АБА-лигата. Македонскиот шампион во Белград загуби со 120-67. Партизан од почетокот до самиот крај безмилосно го полнеше кошот на скопскиот тим. На полувремето „црно-белите“ веќе имаа 20 поени разлика или 54-34. Во вториот дел разликата само се зголемуваше од минута во минута за конечна победа на Партизан …
