МЗТ Скопје беше „прегазен“ на гостувањето кај Партизан во рамки на 15.коло во АБА-лигата. Македонскиот шампион во Белград загуби со 120-67.
Партизан од почетокот до самиот крај безмилосно го полнеше кошот на скопскиот тим. На полувремето „црно-белите“ веќе имаа 20 поени разлика или 54-34. Во вториот дел разликата само се зголемуваше од минута во минута за конечна победа на Партизан од 53 поени или 120-67.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Голема е разликата меѓу МЗТ и Партизан, ни се повреди и Кук кој беше донесен како големо засилување. МЗТ е религија во Аеродром, не ги интересира други спортови, туку само МЗТ. Видовте и на последниот меч како изгледаше тоа. Знам каква е ситуацијата по овој дебакл и жалам што престанавме да играме и размсилувавме само за повредата на Кук“, изјави меѓу другото Николиќ.