
Марко Митев се издвои како клучна фигура во македонската репрезентација на денешниот натпревар против Швајцарија, кој заврши без победник 29-29, во рамки на последното коло од турнирот „Жолтиот куп“.
Митев дуелот го заврши со седум гола со кои беше најефикасен, а токму тој го постигна и решавачкиот погодок во финишот, со кој ѝ донесе вредно реми на Македонија и спречи пораз.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Со ваквиот исход, македонската селекција со голема доза на самодоверба ќе отпатува на Европското првенство, откако претходно запиша две победи против Бахреин и Украина, заокружувајќи го настапот на турнирот без пораз.