Дома Фудбал Мајкл Керик – да остане или не? Венгер го фали, Рој Кин не би му дал работа ни да победи сѐ до крајот на сезоната?!

Мајкл Керик – да остане или не? Венгер го фали, Рој Кин не би му дал работа ни да победи сѐ до крајот на сезоната?!

Мајкл Керик не можеше да замисли подобар старт на клупата на Манчестер Јунајтед, бидејќи по победата над Сити, го победи и Арсенал и тоа по пресврт на „Емирејтс“ со 3-2.

Јунајтед сега е на четвртата позиција, со 38 бодови, но Челзи со 37 и Ливерпул со 36 освоени бодови му дишат во вратот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Она што моментално е главно прашање во Манчестер е – дали е Мајкл Керик „тој“ и дали треба да добие шанса како Рубен Аморим да стане долгорочно решение?

Легендарниот Арсен Венгер го фалеше Керик по ваквиот старт на клупата на Јунајтед.

“Мислам дека нешто значајно се случи со овој тим на Јунајтед, поради начинот на кој ги победија Сити и потоа Арсенал. Начинот на игра ветува. Кога Арсенал изедначи на 2:2, обично тогаш победуваат домаќините. Но, тие пак ја најдоа својата игра, од одлична акција дадоа трет гол и забележаа голема победа. Одиграа феноменален натпревар и морам да му честитам на Керик, факт е дека гради сериозен тим”, рече Арсен Венгер.

Од друга страна, Рој Кин не е сигурен дека Керик е вистинскиот човек за Јунајтед на долгорочен план.

“Секој може да победи два натпревари. Дури и Јунајтед да заврши како четврти на табелата во Премиер лигата, сѐ уште не би бил убеден дека е вистинскиот човек. Јунајтед му треба поголемо име и подобар менаџер. Дури и да Јунајтед ги победи сите натпревари до крајот на сезоната, сѐ уште не би му дал работа за следната сезона”, рече Кин.

Очекувано, речиси никој не се согласи со него, бидејќи сметаат дека го претерува, а меѓу навивачите сега владее генерално мислење дека Керик заслужува да остане ако продолжи вака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо на таен состанок барал четири засилувања за 400 милиони: „Тоа е мојот услов”

Откако го напушти Реал Мадрид, Хаби Алонсо е блиску до нова ангажираност и наводно треба д…