Дома Трансфер зона Majката на Рабио направила сцена пред полетувањето за Торино за ништо!

Majката на Рабио направила сцена пред полетувањето за Торино за ништо!

Сагата со Адриен Рабио конечно заврши, Французинот ќе го носи дресот на Јувентус.

Рабио вчера пристигна во Торино, а утрово ги мина медицинските прегледи. Во Јувентус тој пристигнува како слободен играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансферот е веќе завршен и пресврт нема да се случи, но медиумите во Италија денес пишуваа за сцената која ја направила мајката на Рабио пред авионот вчера да полета за Торино.

Имено, Вероника (мајката и агент на Рабио) со месеци ги избегнува медиумите и вчера бурно реагирала кога видела дека еден камерман се обидува да влезе во авионот со нејзе и нејзиниот син. Таа го блокирала влезот на авионот и никој десет минути не можел ниту да излезе, ниту да влезе во авионот. Вероника се откажала кога лично и се јавил спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи и и објаснил дека станува збор за камерман на Јувентус и дека нема причина да се грижи.

Инаку, мајката на Рабио е познат како тежок преговарач, токму и поради Рабио не заврши во Барселона, а од Јувентус доби 10 милиони евра како менаџерска провизија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…