Дома Фудбал Ма, каков Клоп: Перез подготвен да го изненади светот со изборот на новиот тренер на Реал Мадрид!

Ма, каков Клоп: Перез подготвен да го изненади светот со изборот на новиот тренер на Реал Мадрид!

Чаби Алонсо после само 34 натпревари доби отказ од Реал Мадрид. Незадоволството на одредени играчи доведе до раскин на договорот, а како привремено решение на тренерската позиција е именуван Алваро Арбелоа.

Се зборува многу за тоа кој ќе биде новиот тренер на кралскиот клуб. Се споменуваат бројни имиња, најчесто германскиот стручњак Јирген Клоп, тука е и Енцо Мареска, но Флорентино Перез би можел да направи интересен потег.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓу кандидатите за нов тренер на кралскиот клуб е и сегашниот менаџер на Арсенал Микел Артета. Засега се работи само за шпекулации, но каде што има дим, има и оган.

Шпанците тврдат дека поврзувањето на Артета и Реал е неизбежно поради неговата многу добра работа во Арсенал, кој моментално е водечки тим во Премиер лигата.

Факт е и дека договорот на Артета истекува во летото 2027 година. Во случај на освојување на титулата со Арсенал, веројатно не би се случило заминување од Емирејтс, но секогаш е чест кога Реал повикува.

Сигурно е дека 43-годишникот добро би размислил за понудата. Реал е едноставно тешко да се одбие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Кој го исвиркува претседателот, не го сака Реал Мадрид

Новиот тренер Алваро Арбелоа ја постигна првата победа како тренер на Реал Мадрид на својо…