Братот на францускиот фудбалер Пол Погба ги негираше обвинувањата дека се обидел да го ограби неговиот брат и од него да изнуди милион евра.
Адвокатот на Матијас Погба, Ричард Арбиб во соопштението на својот клиент наведува дека ништо не знае за било каков обид за изнуда од неговиот брат Пол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Обвинителството во Париз минатиот месец отвори истрага после информациите дека наводно Матијас и негов другар се обиделе од Погба да изнудат 13 милиони евра.
Случајот стигна до јавноста затоа што Матијас на социјалните мрежи објави дека ќе открие многу работи за својот брат, се споменуваше и фрлање на „црна магија“ на Килијан Мбапе.
За целиот случај се огласи и Мбапе кој јасно порача дека тој му верува на својот соиграч од репрезентацијата со кој го освои Светското првенство во 2018. Нема и причин да не биде така зато што досега во кариерата Мбапе за среќа не се соочил со посериоза повреда.