Дома Трансфер зона Maнџукиќ цело време се поврзуваше со Јунајтед, а сега може да заврши во Шпанија?

Maнџукиќ цело време се поврзуваше со Јунајтед, а сега може да заврши во Шпанија?

Марио Манџукиќ констатно се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, а сега се појави изненадувачка информација.

На искусниот напаѓач договорот со „старата дама“ му истекува 2021 година, меѓутоа тој не е во плановите на тренерот Маурицио Сари.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


За неговите услуги се споменуваа Наполи и Манчестер Јунајтед, а во трката неодамна се вклучила и Севиља.

Јулиен Лопетеги ова лето ги доведе Хавиер Ернандез, Рони Лопез и Лук Де Јонг, но 33 годишниот напаѓач би можел дополнително да ја засили конкуренцијата во нападот.

Директорот на Јувентус Фабио Партичи потврди дека понуди за Манџукиќ притистигнале и дека тој најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

Манџукиќ во кариерата настапуваше во шпанската Примера, а во сезоната 2014/2015 го носеше дресот на Атлетико Мадрид за кој постигна 12 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…