Манчестер Јунајтед нема да му прости на Маркус Рашфорд за пропуштањето на тренингот поради излегување во ноќен клуб.
Според последните информации од Островот Рашфорд за својот потег ќе биде казнет со 650.000 фунти. Официјалната верзија која Рашфорд ја соопштил во клубот била дека бил болен и не бил во можност да тренира.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, на социјалните мрежи се појавија снимки на кои може да се види како фудбалерот на Манчестер Јунајтед се забавува во ноќен клуб до раните утрински часови.
Поради тоа Јунајтед му изрече жестока казна, односно ќе му биде скратена двонеделна плата. За Рашфорд ова не е првпат да добие казна поради слични причини. Тен Хаг претходно го критикуваше дека излегол да се забавува ноќта пред натпреварот против Манчестер Сити, а во 2022 година беше и суспендиран поради доцнење на тимски состанок.
Исто така поради казната Рашфорд не настапи во вчерашниот натпревар на Јунајтед против Њупорт во ФА Купот.