Дома Македонски спорт Maкедонски фудбалер напушти албански клуб поради земјотресот во Драч

Maкедонски фудбалер напушти албански клуб поради земјотресот во Драч

Македонскиот фудбалер Томе Китановски го напуштил Албански Кукс поради катастрофалниот земјотрес кој го погоди Драч пред десетина дена.

Китановски во Кукс пристигна ова лето, претходно настапуваше за Сабаил од Азербејџан. Во Кукс Китановски бил стандарден и ги одиграл сите 13 натпревари. Албанските медиуми пишуваат дека Китановски по земјотресот се вратил во Македонија и иако сите очекувале дека брзо ќе се врати тоа не се случило.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во клубот биле изненадени кога Китановски им соопштил дека ќе ја прекине соработката бидејќи не сака да се врати во Албанија. Освен тоа тој нема да бара никаква финансиска оштета само сака клубот да го ослободи за да пронајде нов ангажман.

Матичен клуб на Китановски е Пелистер и за овој клуб настапуваше од 2010 до 2013. Сега со оглед на тоа дека ќе биде слободен играч нема да биде изненадување ако потпише за битолскот куб кој се бори за враќање во првата лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…