Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше две места и сега се наоѓа на 66-та позиција на најновата ФИФА ранг листа.
Победата против Ерменија во Скопје и ремито против Грузија на гости ни донесоа напредок за две позиции во рангираните.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во овој момент ние сме на 66-та позиција со 1351 бод и оваа позиција ја делиме со Албанија и Саудиска Арабија кои имаат ист број на бодови. Противникот на Македонија во баражот за пласман на ЕП преку Лигата на Нации, Косово се наоѓа на 116-та позиција.
Промена има во топ 5 каде што успеа да влезе Португалија. Првите четири репрезентации редоследно се: Белгија, Франција, Бразил и Англија.