Oткако одби да го продолжи договорот со ПСЖ, Адриен Рабио минатото лето пристигна во Јувентус како слободен играч. Од францускиот играч за врска во Торино се очекуваше повеќе, но тој после сезоната во која не блескаше би можел да го напушти клубот.
Тренерот на Евертон Карло Анчелоти се обидува да го доведе 25 годишниот Рабио кој е помеѓу најплатените играчи во редовите на италијанскиот шампион, а „Калчомеркато“ открива и дека може да видиме размена помеѓу овие два клуба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно во Јувентус покажале интерес во Торино да го доведат сонародникот на Рабио, Лукас Диње. Диње пред две години пристигна во Евертон од Барселона и прикажа солидни настапи во клубот од Ливерпул, меѓутоа Анчелоти би можел да го пушти да замине за да го добие Рабио.
Ако се случи Диње да дојде во Јувентус тој би му бил конкуренција на Бразилецот Алекс Сандро кој е стандарден во првите 11 на левата страна.