Дома Останати Mистерија: Фудбалер од Премиер лигата објави песна со над милион прегледи, а никој не знае кој е

Mистерија: Фудбалер од Премиер лигата објави песна со над милион прегледи, а никој не знае кој е

Песната „Тhril“ објавена на „Јутуб“ каналот „DIDE“ овој период е вистинска мистерија и за спортските медиуми на Островот причина е што наводно изведувач на истата е познат фудбалер од Премиер лигата.

Од јавноста песната добива позитивни критики, меѓутоа и поради мистериозниот фудбалер таа достигна над милион прегледи за десет дена од објавувањето на спотот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фудбалерот во спотот е со маска и не го открива својот идентитет, но дава некои насоки. Наводно, тој заработува над еден милион евра годишно, спотот е снимен во југоисточен Лондон, неговиот тим победува и секој натпревар до крајот на сезоната е како финале.

Многу работи можат да бидат и двосмислени, но јавноста навистина ја интересира за кого станува збор, а има и фаворити: Еди Нкетиа и Бакајо Сака од Арсенал, но и Алекс Ивоби од Евертон, иако според описот не одговара дека „карамелите“ имаат добра сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…