Дома Фудбал Останато Mилс: Верувам дека Лидс има разумна понуда, се чека одговорот на Алиоски

Mилс: Верувам дека Лидс има разумна понуда, се чека одговорот на Алиоски

Поранешниот репрезентативец на Англија, Дени Милс кој во кариерата настапуваше за Лидс и Манчестер зборуваше за ситуацијата на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Овој месец и официјално ќе заврши договорот на Џани со Лидс претходно најавите беа дека сигурно ќе си замине од Лидс, но потоа се појавија најави за пресврт во ситуацијата, па Италијанците го поврзуваа со Милан…Изгледа дека сега работата зависи од Лидс.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дени Милс смета дека Алиоски ќе остане во клубот ако добие повеќе пари.

„На Џани е да одлучи каде ќе продолжи, но на Лидс останува да го убеди да остане, условот кој треба да го исполни е еден. Ако Алиоски има повеќе понуди неговото размислување ќе оди во правец: Ова е се подобро од она што го добив претходно…Главниот потег треба да го има Лидс, но никогаш вие не знаете дека е доволно да се убеди некој или пак треба повеќе. Верувам дека Лидс ќе даде разумна понуда, останува да видиме дали Алиоски ќе ја прифати“, изјави Милс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аталанта го прегази Леверкузен за европска титула🎥

Тимот на Аталанта ја освои титулата во Лига Европа откако во финалето го надигра Баер Леве…