Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните два натпревари
Прво, на 14. октомври (15:00 часот) во Прага ќе играме против Украина во рамките од квалификациите за Европското првенство, а три дена подоцна во истиот термин ќе се соочиме со Ерменија во пријателска средба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот со Украина е можеби и најважниот во овој циклус.
„Само победа и на нас и на Украина е во оптимална ситуација да се најдеме и по овој меч. Мислам дека ќе биде еден отворен меч поготово што нерешениот резултат не одговара на двете екипи. Потоа ни следуваат два меча против Италија и Англија, па ќе видиме што ќе ни донесе дуелот во Прага. На секој меч очекуваме да победиме и се правиме во функција на тоа, без разлика дали играме со Италија, Малта или Украина. Сепак од другата страна има противник и не зависи само од нас. Атмосферата во тимот е одлична посебно по двата одлично одиграни меча во септември“, изјави селекторот Милевски.