Македонската фудбалска репрезентација денес ја одржа редовната прес-конференција пред натпреварот со Малта со кој ги започнуваме квалификациите за Европското првенство 2024 година.
На денешната прес-конферењнција селекторот Благоја Милевски ги изнесе своите очекувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
,,Анализите се од нивните последни четири натпревари, но не значи дека така ќе играат и во следните натпревари, имаат нов селектор. Станува збор за квалитетен противник, но сепак во најголем дел за утрешниот натпревар ќе зависи од нас. Македонија, да, во минатото покажа дека има подобар квалитет, но како и што кажав тоа ќе мора да го докажеме на терен.
Иако на харија ние сме фаворити, сепак селекторот уште еднаш потенцираше дека во денешниот фудбал фаворити нема.
,,Во денешниот фудбал фаворити не постојат, мора да се вложите максимално за успех. Малта е репрезентација во подем одиграа нерешено со Грција и го победија Израел, тие резултати се доказ за тоа. Се до почеток на натпреварот имаме максимален респект, понатаму се ќе зависи исклучиво од нас”.
Во претходните натпревари имавме проблеми со реализацијата, Милевски се надева дека тоа ќе се смени.
,,Од првиот ден кога сум тука, главната цел беше да имаме тим кој ќе биде конкурентен за овие квалификации. Момците полека се вклопуваат и се создава една група на фудбалери со кои е задоволство да се работи. Имаме предуслови да изгледаме онака како што сакам, но ќе видиме што ќе се случува. Имавме добра игра и создававме шанси на претходните натпревари, па верувам и реализацијата ќе се подобри”.
Натпреварот со Малта го играме утре во терминот од 20:45 часот, додека во понеделник во пријателски натпревар ќе се сретнеме со Фарски Острови.