Хари Мегваер ова лето од Лестер премина во Манчестер Јунајтед и стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
За Мегваер интерес покажуваа и други клубови, а еден од заинтересираните беше градскиот ривал на „црвените ѓаволи“ Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега островските медиуми откриваат дека Мегваер одбил огромна понуда од „граѓаните“ за да се пресели на „Олд Трафорд“. Наводно, Мегваер од Сити одбил 278.000 фунти неделно бидејќи негова желба била да го облече црвениот дрес.
Во Јунајтед Мегваер неделно ќе добива 190.000 фунти што за 88.000 фунти пмала сума од она што го нудел нивниот градски ривал.
Ќе потсетиме, Пеп Гвардиола неодамна на прес-конференција за медиумите потврди дека го сакале Мегваер, но се откажале затоа што бил прескап за нив.