Иако можеше, сепак Луис Енрике одби да ја искористи можноста тој да го именува новиот тренер на Пари Сен Жермен и одлучи соблекувалната да гласа.
Во гласањето најмногу гласови добил Бразилецот, Маркињос кој ќе остане лидер на соблекувалната, а покрај него имало гласови за уште тројца фудбалери.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите на „Радио Монте Карло“, Данило Переира бил зад Маркињос, потоа Преснел Кимпембе на третото место.
Килијан Мбапе од соиграчите добил само еден глас и тоа од својот добар пријател, Мароканецот, Ашраф Хакими. Така францускиот голгетер сезонава ќе биде дури четврти избор за капитен.
Очигледно поради случувањата надвор од теренот и веројатно неговото заминување идното лето Мбапе и не е така омилен помеѓу своите соиграчи.