Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Mбапе излезе пред новинарите: Сам ќе си ја платам казната

Mбапе излезе пред новинарите: Сам ќе си ја платам казната

Килијан Мбапе со два гола ја предводеше Франција до победа против Полска во осминафиналето, а по тој натпревар конечно се појави пред новинари.

Во текот на Светското првенство Мбапе одбиваше да се појавува на прес-конференции и да дава изјави, поради што се пишуваше дека Фудбалската федерација на Франција ќе плати казна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Мбапе се огласи и потврди дека сам ќе си ја плати казната затоа што тоа е негова одлука.

„Немам ништо против новинарите, само сакам да се фокусирам на натпреварите. Кога се фокусирам на нешто 100% не сакам да губам време на други работи. Ќе си ја платам казната, Федерацијата не може да плаќа за моја одлука“, изјави Мбапе.

Во четвртфиналето на Мундијалот Франција ќе игра против Англија, овој натпревар се игра на 10. декември во 20 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Тежок удар за ѕвездата на Барселона: Со оптимизам го чека април, но веќе сите знаат што е одлучено во клубот

Април ќе биде клучен кога станува збор за одлуката на Роберт Левандовски околу тоа каде ќе…