Mбапе: Ќе се вратиме…

Килијан Мбапе Светското првенство го заврши како најдобар стрелец откако во финалето постигна хет-трик.

Напаѓачот на ПСЖ постигна осум гола на турнирот, еден повеќе од неговиот соиграч од ПСЖ кој дојде до трофејот, Лео Меси. На своето конто Мбапе веќе има 12 голови на Светските првенства и се очекува да го надмина Мирослав Клосе кој е најдобар стрелец на Мундијалите со 16 постигнати гола.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Мбапе има само 23 години и времето е пред него, па затоа сите веруваат дека во иднина тој ќе биде играчот со најмногу голови на најголемиот светски турнир.

Исто така зад себе Мбапе веќе има еден трофеј од Светското првенство, вчера не успеа да дојде до вториот. По поразот за првпат се огласи преку социјалните мрежи со кратка порака.

„Ќе се вратиме“, стои во објавата на неговиот Твтиер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Јунајтед ќе води борба со Сити за – голем француски талент

Манчестер јунајтед има сериозни планови за претстојното лето, барем ако им се верува на ме…