Главниот виновник за шокантното испаѓање на Аталанта од Клуб Бриж, барем според реакциите на навивачите, е Адемола Лукман. Ни тренерот Џан Пјеро Гаспери не му ги поштеди критиките.
Лукман промаши пенал, а самиот Гасперини изјави дека тој е еден од најлошите изведувачи на пенали што ги видел. Нигерискиот репрезентативец реши да се огласи по повод тие критики.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
„Тажен сум што на ваков ден го пишувам ова соопштение. Најмногу поради сè што како тим направивме за овој град. Тоа што сум издвоен на ваков начин не само што ме боли, туку го сметам за длабоко непочитување.
Зашто работам напорно, посветен сум и секогаш се ставам во служба на екипата и неверојатните навивачи на Бергамо. Всушност, тука поминав низ многу тешки моменти, а за повеќето никогаш не сакав да зборувам бидејќи екипата секогаш треба да биде заштитена и на прво место.
Затоа што тоа што се случи синоќа е уште поболно. Заедно со навивачите сите сме разочарани од овој резултат. За време на натпреварот одреден изведувач на пенали ме замоли да ја преземам одговорноста. Зедов да шутирам и беше како што беше. Животот е полн со предизвици и претворање на болката во сила, што ќе продолжам да го правам понатаму“, напиша Лукман.