Дома Останати Ракомет Лука по стапките на својот брат: Во Франција повеќе нема „Карабатиќ“

Лука по стапките на својот брат: Во Франција повеќе нема „Карабатиќ“

Францускиот ракометар Лука Карабатиќ соопшти дека ја завршува репрезентативната кариера.

Карабатиќ (36) со француската селекција освои десет медали на големите натпреварувања, од кои пет се златни. Тој моментално игра за Пари Сен Жермен.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


“По Олимписките игри дојде до смена на генерациите, а кога се вратив на тренинзи после повредата во ноември 2024 година, сфатив дека многу познати лица повеќе не се таму. Тоа ме натера да се преиспитам. По неуспехот на Олимпијадата, не сакав да ја завршам репрезентативната кариера со чувство на горчина.”

“Сè уште имав можност да играм на едно големо натпреварување и да се обидам да завршам кариерата на високо ниво”, напиша, меѓу другото, Карабатиќ на социјалните мрежи.

Карабатиќ годинава со француската селекција освои бронзен медал на Светското првенство.

“Уживав на последниот турнир. Не беше лесно, но успеав да уживам. Се разбира, не ја освоивме титулата, но да ја завршам репрезентативната кариера со медал е посебно чувство”, истакна ракометарот на Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија ја прегази Естонија, сега на ред е Литванија!

Македонската ракометна репрезентација впиша историски триумф на гостувањето во Талин, совл…