Дома Фудбал Лудо коло во Втората лига: На осум натпревари се постигнаа 38 гола!

Лудо коло во Втората лига: На осум натпревари се постигнаа 38 гола!

Во едно од највозбудливите кола во последните сезони, второлигашите приредија вистинска голеада – вкупно 38 гола беа постигнати во рамките на осумте меча од 11. коло, што е речиси пет по натпревар.

Најубедлив триумф запиша Беласица, која на домашен терен го декласира Вардар Неготино со неверојатни 8-1. Не помина подобро ниту Победа – кавадарчани беа „прегазени“ во Кочани, каде Осогово славеше со убедливи 6-0.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Фаворитите од врвот на табелата ги оправдаа очекувањата. Брегалница беше подобра на гости кај Слога Виница со 4-2, а возбудлива завршница имаше и во Охрид, каде домаќините со 4-3 славеа против Тетекс.

Шкендија Арачиново на теренот во Сингелиќ без поголеми проблеми го совлада Кожуф со 2-0, додека Каменица Саса од гостувањето кај Големо Коњари се враќа со сигурна победа од 3-1.

Скопје ја искористи домашната предност и ја совлада Преспа со 2-0, а единственото реми во ова коло го одиграа Детонит Плачковица и Новаци – натпреварот заврши 1-1.

ВМФЛ 11. КОЛО:

Беласица – Вардар Неготино 8-1

Деетонит Плачковица – Новаци 1-1

Скопје – Преспа 2-0

Големо Коњари – Каменица Саса 1-3

Охрид – Тетекс 4-3

Осогово – Победа 6-0

Слога Виница – Брегалица 2-4

Шкендија Арачиново – Кожуф 2-0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов скандал во македонскиот фудбал (видео)

Свежи се сеќавањата на дуелот помеѓу Башкими и Кожуф со кој кумановскиот состав избори бар…