Дома Фудбал Лудница во Лондон: Естевао во 96. минута со првенец го израдува Челси (Видео)

Лудница во Лондон: Естевао во 96. минута со првенец го израдува Челси (Видео)

Челси извојува драматична победа над Ливерпул со 2-1 на „Стемфорд Бриџ“, благодарение на погодокот на младата бразилска сензација Естевао, кој во самиот финиш се запиша во листата на стрелците и донесе еуфорија кај навивачите на „сините“.

Натпреварот започна со офанзивен фудбал и од двете страни, со неколку изгледни можности уште во воведните минути. Веќе во 14. минута, Мојсес Каиседо, кој минатото лето беше многу блиску до трансфер во Ливерпул, со прецизен удар од далечина го совлада противничкиот голман и го отвори резултатот. Тој гол остана единствениот во првиот дел.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По паузата, играта продолжи во истото темпо. Ливерпул вршеше притисок и успеа да израмни во 63. минута, кога Коди Гакпо по одлична асистенција од Исак ја затресе мрежата за 1-1 и врати неизвесност во мечот.

Се чинеше дека дербито ќе заврши без победник, но Челси не се откажа. Во шестата минута од судиското продолжение, 18-годишниот Естевао го имаше својот момент на слава – со прекрасен завршен удар го постигна првиот гол во својата премиерлигашка кариера и ја запечати победата на својот тим.

Фото: Chelsea FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал има шанса да купи фудбалер на ПСЖ за 90 милиони евра

Арсенал, Реал Мадрид и Манчестер сити имаат голема шанса да го ангажираат играчот кој би м…