Дома Фудбал Лозана не е пресилна: Вардар вечерва оди по трето коло квалификациите за Конференциската лига!

Лозана не е пресилна: Вардар вечерва оди по трето коло квалификациите за Конференциската лига!

Екипата на Вардар вечерва (20:15 часот) го игра реваншот против швајцарската Лозана во рамките од второто квалификациско коло во Конференциската лига. „Црвено-црните“ патуваат со предност од 2-1 стекната на првиот меч одигран во Скопје, но свесни се дека ништо не е готово.

Лозана важеше за фаворит во двомечот, но избраниците на Гоце Седлоски покажаa цврст карактер и квалитет на теренот. Мато и Омерагиќ беа стрелците за скопскиот тим и го обезбедија позитивниот резултат пред реваншот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тренерот Седлоски со доза на претпазливост ја најави вечерашната средба.

„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани, и да ги искористиме шансите“, изјави Седлоски.

Неизвесен останува настапот на капитенот Горан Закариќ, кој се повреди на дуелот со Ла Фиорита и го пропушти првиот меч против Лозана. Тој отпатува со тимот во Швајцарија, но одлуката за негов настап ќе се донесе непосредно пред натпреварот.

Проблеми со составот има и домашниот тим, Лозана ќе биде без услугите на дефанзивецот Енцо Кана-Бијик, кој се здоби со повреда на првиот натпревар во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездите на Барселона го напуштија стадионот без туширање, па не можеа сите да влезат во автобусот (Видео)

Во последниот натпревар од четвртото коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Барселона, …