Дома Фудбал Лоши вести за Maнчестер јунајтед? Џим Ретклиф изгуби повеќе од шест милијарди фунти

Лоши вести за Maнчестер јунајтед? Џим Ретклиф изгуби повеќе од шест милијарди фунти

Сопственикот на 27% од акциите на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, кој активно учествува во водење на политиката на англискиот гигант, забележа огромни загуби во последната година.

„Тајмс“ објави дека сопственикот на групацијата „Инеос“, која влезе во клубот кон крајот на 2023 година, забележала загуба од дури 6.43 милијарди фунти во последната година. Ова е малку повеќе од една четвртина од неговото проценето богатство.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ретклиф, кој во 2018 беше најбогат Британац, во последната година се спушти на три места подолу на таа листа. Сега е „само“ седми.

Сепак, претходно Ретклиф нагласи дека финансискиот притисок врз „Инеос“ нема да влијае на функционирањето на Манчестер Јунајтед. Откако Ретклиф влезе на Олд Трафорд и почна да носи одлуки, донесени се некои непопуларни мерки. Тие беа мерки за штедење и кратење на трошоци, а една од тие мерки беше и остранувањето од платниот список на легендата на клубот, Сер Алекс Фергусон, кој во последно време ја обавуваше функцијата на клубски амбасадор.

Фото: Manchester United/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ брутално искрен по поразот: Ова не беше на нивото на Јувентус!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ги изрази неговите чувства по „тесниот” пораз од Реа…