Раководството на Ливерпул покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Черки, пренесува „Екип“.
Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лион има финансиски проблеми и ги стави сите фудбалери на продажба, па Ливерпул сака да ја искористи таквата ситуација.
„Црвените“ за 21-годишниот фудбалер испратиле понуда, но Лион не сака да се раздели со Черки на средина од сезоната.
Сепак, според информациите Ливерпул останува во пол-позиција за неговиот потпис следното лето.