Дома Фудбал Ливерпул стапи во контакт со шефот на судиите

Ливерпул стапи во контакт со шефот на судиите

Од Ливерпул стапиле во контакт со раководителот на судиите во Англија, Хауард Веб, за да се пожалат поради непризнатиот гол на Вирџил ван Дајк во дербито против Манчестер Сити.

Одбранбениот играч мислеше дека го израмнува резултатот на 1:1, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд на Анди Робертсон, кој според судиите му го попречувал видикот на голманот Џанлуиџи Донарума. Според информациите на “Атлетик” од “Енфилд” ја информирале PGMOL (Организацијата на професионални судии во Англија), дека не го прифаќаат објаснувањето, дека одлуката е донесена по субјективни причини.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Одлуката на судијата за офсајд и отповикување на голот на Ливерпул беше проверена и потврдена од ВАР – Робертсон е во офсајд позиција и се смета дека извршува очигледна акција непосредно пред голманот”, се вели во официјалното соопштение на Премиер лигата.

Од Ливерпул, пак, се на став дека формулацијата на самото правило е јасна и дека не се присутни елементите од критериумите потребни за поништување на скорморалниот погодок, така што голот требаше да биде признаен.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ подготвен да потпише нов договор со Јувентус

Можеби ќе биде одложено враќањето на теренот на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, за …