
Шкотскиот фудбалер Енди Робертсон (32) ја потврди информацијата дека ќе го напушти Ливерпул по завршувањето на актуелната сезона, кога истекува и неговиот договор со англискиот тим.
Робертсон помина девет години на „Енфилд“ и беше еден од главните фудбалери на Ливерпул во ера полна со трофеи.
Потврдуваме дека Енди Робертсон ќе ја заврши својата кариера со „црвените“ на крајот на тековната сезона.
— Liverpool FC (@LFC) 9 април, 2026
Тој ќе го направи тоа како вистинска легенда на Ливерпул ❤️
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Шкотскиот репрезентативец има одиграно 373 натпревари за тимот на „црвените“, освојувајќи две Премиер лигашки титули, една Лига на шампиони, Суперкуп на Европа, Светски куп на клубови, еден трофеј од ФА куп, два Лига купа и еден Комјунити шилд.
Во оваа сезона, по доаѓањето на Милош Керкез, неговата улога падна во втор план, и беше јасно дека на крајот на сезоната ќе следи разделба. Во видео порака објавена на клубските страници, тој го потврди ова.
Никогаш не е лесно да го напуштиш Ливерпул. Тој беше огромен дел од мојот и животот на моето семејство во последните девет години – изјави Робертсон и додаде:
Имав можност да си заминам и порано, но не можев поради тоа колку ми значи овој клуб. Сепак, фудбалот продолжува, тимовите се менуваат и чувствувам дека сега е вистинското време за следниот чекор во мојата кариера.
Шкотот нагласи дека ќе го памети времето поминато на „Енфилд“, кој го обележа неговиот живот.
Ќе се сеќавам на овие години со неверојатни спомени. Го дадов срцето и душата на овој клуб и не жалам за ништо. Овде созревав како играч и како човек. Овој клуб и навивачите секогаш ќе ги носам во срцето. Беше неверојатно патување – заклучи Робертсон.