Дома Фудбал Ливерпул потроши 300 милиони фунти за трансфери, но може да си дозволи да потроши уште повеќе

Ливерпул потроши 300 милиони фунти за трансфери, но може да си дозволи да потроши уште повеќе

Ливерпул ќе стане единствено и категорично тимот што потрошил најмногу пари за трансфери во англиското првенство, откако ќе го привлече Хуго Екитике наредните денови, пишува Sky Sports.

Напаѓачот се смета за сигурно засилување на шампионите и ќе пристигне на „Анфилд“ оваа недела со договор вреден 79 милиони фунти.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Откако Екитике ќе го потпише договорот, кој ќе биде за шест години, Ливерпул ќе достигне до 295.5 милиони фунти трансфери летово. Тоа е за 75 милиони повеќе од Челси и повеќе од Арсенал и Манчестер Сити заедно. Овие два клуба се наоѓаат на трето и петто место на листата. Тотенхем е на четврто место со 110.7 милиони фунти.

Во последниот месец многу фудбалски навивачи се прашуваат како Ливерпул може да трошат такви суми и да не ги нарушуваат правилата за финансиски фер плеј, а во исто време други клубови како Манчестер Сити се истражуваат.

Според сегашните правила, клубовите можат да губат не повеќе од 105 милиони фунти на година во текот на три сезони (формулата PSR). Последните финансиски резултати покажуваат дека Ливерпул всушност е во добивка од 48 милиони фунти во моменталниот PSR период и може да потрошат дополнителни 158 милиони фунти на пазарот.

Иако Мерсисајдците се во нето загуба за овој трансферен прозорец, тие прикажаа и рекорден обрт од 613.8 милиони за сезоната 2023/2024, по што станаа шампиони на Англија и играа во елиминациите на Лигата на шампионите. Младиот Џарел Кванса веќе беше продаден на Леверкузен за околу 35 милиони фунти, што според PSR правилата е 100-процентна добивка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубовите и навивачите разочарани кога слушнаа каде ќе се игра Светското клупско првенство во 2029 година.

Светското клупско првенство оваа година за првпат се играше во нов формат откако FIFA вове…