
Клубот е во шок, целокупната фудбалска, па дури и спортска јавност се потресе. Не се памети поголема трагедија во спортот по несреќата на Коби Брајант и неговата ќерка во хеликоптерска несреќа.
Диого Жота и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите во петокот, оставајќи зад себе тага.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Делегација на Ливерпул, предводена од некои од играчите, вчера пристигна во португалскиот град Гондомар за да се прости од нивниот пријател и соиграч, како и неговиот брат. Клубот планира да направи сѐ што е можно Диого да остане запаметен засекогаш.
Бројот “20” ќе биде повлечен, а веројатно ќе следат уште неколку иницијативи. Португалскиот “Рекорд” известува дека Ливерпул има намера да го исплати целиот преостанат дел од договорот на Диого Жота на неговото семејство.
Таквиот гест се очекуваше од клуб со реноме како Ливерпул. Диого Жота остави сопруга и три деца зад себе.