Дома Фудбал Ливерпул подготвува уште еден сензационален потег

Ливерпул подготвува уште еден сензационален потег

Ливерпул започна директни разговори со претставниците на бразилскиот офанзивец Родриго, кој ова лето би можел да го напушти Реал Мадрид, известува новинарот Санти Ауна.

Иако засега нема официјални преговори меѓу клубовите, Скај Германија пренесува дека Реал Мадрид е отворен за продажба на 23-годишниот Бразилец, а самиот Родриго е свесен за оваа можност.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Флориан Плетенберг дополнува дека Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата и го гледа Родриго како потенцијална замена доколку Луис Диаз замине од Енфилд. Баерн го посакува колумбискиот репрезентативец, што би можело да отвори простор за доведувањето на Родриго, иако трансферот би бил многу скап.

Се вели дека Бразилецот заработува до 10 милиони евра нето годишно, што веќе ги одврати некои заинтересирани клубови како Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го следи бисерот на Баерн Минхен кој вреди 90 милиони евра

Младиот тинејџерски талент на Бајерн Минхен, Ленарт Карл јавно истакна дека сонува еден де…